Американската армија соопшти дека спроведе тимска вежба без екипаж меѓу напаѓачкиот хеликоптер „Боинг АХ-64 Апачи“ и две различни беспилотни летала.
AH-64E , Textron Shadow RQ-7BV2 Block 3 тактички UAV и General Atomics MQ-1C успешно работеа заедно за да извршат ракетен напад од воздух во Јута минатата година во Октомври.
Пилотот на Апачи хеликоптерот ја презеде контролата врз сензорот на леталото RQ-7 наменето за извидување и гаѓаше кон целта. Потоа, MQ-1C истрела ласерска ракета AGM-114 Hellfire, успешно погодувајќи ја копнената цел од 15.000 стапки. Триото ги повтори вежбите со и без екипаж неколку дена подоцна, погодувајќи копнена цел со мини муниција.
Досега ваков тип на вежби јавно изведоа САД и Турција покажувајќи ја моќта на модерното вооружување.