Русија и Кина договорија заедничка вселенска станица на Месечината

„Соработката помеѓу Роскосмос и ЦНСА ќе придонесе за зајакнување на интеракцијата на научните истражувања и користењето на вселенскиот простор за мирљубиви цели во полза на целото човештво“

Властите на Кина и Русија потпишаа протокол за формирање на заедничка вселенска станица на Месечината, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос) соопшти дека потпишала меморандум за разбирање со Кинеската вселенска агенција (ЦНСА), кој предвидува формирање на заедничка вселенска станица која ќе служи за истражувачки мисии на Месечината.

Во соопштението се наведува дека станицата ќе биде отворена за сите држави кои се заинтересирани за истражување на природниот сателит на Земјата.

„Соработката помеѓу Роскосмос и ЦНСА ќе придонесе за зајакнување на интеракцијата на научните истражувања и користењето на вселенскиот простор за мирљубиви цели во полза на целото човештво“, се истакнува во соопштението.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.