На Марс ќе се произведува кислород

Експериментот на МАРС помина успешно

MOXIE е чекор кон решавање на двата проблеми, со производство на кислород на Марс. МОКСИЕ цица јаглерод диоксид од Марсовата атмосфера и го загрева на температура од околу 800 степени Целзиусови, што овозможува одвојување на атомите на кислород од јаглерод диоксид и потоа ослободување на јаглерод моноксид.

„Одиме кон целта да испратиме човечки екипаж на Марс“

Првиот обид за експериментот, извршен на 20 април, произведе околу пет грама кислород, доволно за околу 10 минути воздух за астронаутот.

„MOXIE има уште многу работа, но резултатите од оваа технолошка демонстрација се многу ветувачки додека се движиме кон нашата цел да испратиме екипаж на Марс“, рече Џим Ројтер од НАСА.

MOXIE е дизајниран да произведува само околу 10 грама кислород на час, но идните генератори на кислород може да бидат многу поголеми и многу побрзо да извлекуваат атоми на кислород од јаглерод диоксид.

Во текот на следната година, MOXIE се очекува да спроведе уште најмалку девет експерименти, тестирајќи ги своите можности во различни периоди од денот и сезоните кога се менуваат условите во Марсовата атмосфера.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.